Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


08 juni 2026

Кометата R3 PanSTARRS низ времето

Kredit za sliku & autorska prava: Jakub Kuřák & Martin Mašek (FZU of the Czech Academy of Sciences)

Објаснување: Што се случува со една комета кога го напушта внатрешниот дел на нашиот Сончев систем? Пристигнувањето на комета во внатрешниот Сончев систем обично е проследено со големо внимание и надеж дека ќе стане сјајна и впечатлива за фотографирање. Но, при заминувањето, јадрото на кометата се загрева сè помалку од Сонцето, се исфрлаат помалку гас и прашина, светлата кома околу јадрото се намалува и бледее, а должината на опашката се скратува. Многу комети потоа се враќаат кон надворешниот Сончев систем и повторно се појавуваат дури по стотици или илјадници години. Наспроти тоа, некои комети — како кометата C/2025 R3 (PanSTARRS) — добиваат гравитациски поттик од планетите и затоа никогаш повеќе не се враќаат. На прикажаната слика, кометата R3 PanSTARRS е фотографирана во текот на многу ноќи од почетокот до средината на мај во близина на Серо Паранал во Чиле. Подоцнежните снимки се појавуваат поблиску до горниот дел и јасно ја покажуваат јонската опашка која постепено се намалува.

Утрешната слика:: Возбудливиот Тор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy