Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


08 август 2026

Месјеов момент за Темпел 2

Кредит за сликата & авторски права: Copyright: Dan Bartlett

Објаснување: Кој од овие објекти не е комета? Погодивте – оној десно е збиено ѕвездено јато. Разлеаната зеленикава кома на периодичната комета 10P/Темпел 2 се наоѓа лево на снимката. Всушност, збиеното ѕвездено јато е Месје 30, познато и како M30, односно 30-тиот објект во каталогот на астрономот Шарл Месје, составен од небесни тела што не се комети. Познатиот астроном од XVIII век водел список на објектите што ги набљудувал – денес прочуениот Месјеов каталог на маглини и ѕвездени јата – кои од ноќ во ноќ не се поместувале во однос на заднинските ѕвезди и затоа не биле кометите по кои трагaл. Така, и прочуениот ловец на комети би го дал точниот одговор, иако низ неговиот телескоп и 10P/Темпел 2 и далечното ѕвездено јато би изгледале како слични, бледи и нејасни објекти во видното поле. Оваа современа телескопска снимка, направена на 29 јули, ја прикажува периодичната комета Темпел 2 додека накратко минувала во привидна близина на M30 на небото. Иако слабата и тесна орбитална трага од прашина на кометата навидум го прободува збиеното ѕвездено јато, Темпел 2 била оддалечена само 3,5 светлосни минути. Месје 30 се наоѓа на оддалеченост од околу 28.000 светлосни години.

Утрешната слика:: Размислување за Сонцето




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy