Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
09 август 2026
Набљудување на Сонце
Кредит за сликата & авторски права:
Steven Gilbert
Објаснување: Дали во последно време сте размислувале за нашата матична ѕвезда? На оваа снимка, Сонцето, делумно затемнето од Месечината во горниот лев дел, е закриено и од Земјаните што го набљудуваат затемнувањето во долниот дел. Оваа необична глетка од силуети е снимена во 2012 година, во Националната рекреативна област Глен Кањон, во близина на Пејџ, Аризона, САД, каде што чуварите на паркот и астрономите им го објаснувале несекојдневниот настан на заинтересираните посетители. На Сончевиот диск, веднаш долу десно од темниот диск на Месечината, слабо се гледа и група Сончеви дамки. Оваа недела ќе се случи ново затемнување на Сонцето, кое на многу луѓе во северниот дел на Северна Америка, Европа и северозападна Африка ќе им даде нова можност да набљудуваат делумно затемнето Сонце. Во тесен појас на Земјата, од Гренланд до Португалија, ќе може да се види и целосно затемнување на Сонцето. Останува отворено прашањето дали за време на целосната фаза ќе бидат видливи некои метеори од Персеидите, чиј максимум се приближува.
Утрешната слика:: Пар галаксии
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин