Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
07 март 2026
Две затемнувања од Сарос 133
Kredit za video & autorska prava: Tunc Tezel (TWAN), Petr Horalek / Institute of Physics in Opava / KPNO / NOIRLab / NSF / AURA
Објаснување: Центрирани околу максимумот на затемнувањето, овие две секвенци од целосно затемнување на Месечината изгледаат речиси идентично. Сепак, горната е составена од снимки направени во февруари 2008 година, додека долу е неодамнешното целосно затемнување на Месечината од март 2026 година. Зошто се толку слични? Затоа што овие две целосни затемнувања на Месечината припаѓаат на истиот Саросов циклус. Саросовиот циклус историски е откриен преку набљудувања на орбитата на Месечината. Со период од 18 години, 11 и 1/3 ден, овој циклус предвидува кога Сонцето, Земјата и Месечината повторно ќе се најдат во истата релативна геометрија за лунарно (или соларно) затемнување. Затемнувањата разделени со еден Саросов период припаѓаат на исто нумерирана Саросова серија — во овој случај Сарос 133. Затоа очекувајте следното лунарно затемнување во Сарос 133 да биде повторување на затемнувањето од 3 март оваа година. Следното целосно затемнување на Месечината од Сарос 133 ќе може да се набљудува на 13 март 2044 година.
Утрешната слика:: Аурора арбор бореалис
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин