Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
06 март 2026
Астросферата на HD 61005
Kredit za video & autorska prava: X-ray: NASA / CXC / Johns Hopkins Univ. / C.M. Lisse et al.;
Infrared: NASA / ESA / STIS;
Optical: NSF / NoirLab / CTIO / DECaPS2
Објаснување: Дали младите ѕвезди создаваат меури? Поширокиот приказ покажува ѕвездено поле набљудувано со Интер-американската опсерваторија Cerro Tololo во Чиле, а во вметнатиот дел е истакната HD 61005, ѕвезда слична на нашето Сонце, оддалечена само околу 120 светлосни години. Многу помлада од Сонцето, стара околу 100 милиони години, таа исфрла брз и густ ѕвезден ветер што ја оттурнува постудената прашина и гасот што ја опкружуваат, создавајќи меур наречен астросфера. Овој меур создаден од ѕвездениот ветер е откриен со рендгенската опсерваторија Chandra, а неговиот пречник е приближно 200 пати поголем од растојанието меѓу Земјата и Сонцето. И нашето Сонце има ваков меур, наречен хелиосфера, кој ги штити планетите од космичко зрачење. Во вметнатиот дел се гледаат и остатоци од формирањето на ѕвездата, забележани со Hubble. Тие остатоци изгледаат како крилја, поради што ѕвездата го добила својот прекар: Молецот.
Утрешната слика:: Сарос 133
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин