Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
06 јануари 2026
Облаците на Јупитер во висока резолуција од Juno
Кредит за слика & авторски права: NASA/JPL-Caltech/SwRI/MSSS; Processing & License: Thomas Thomopoulos
Објаснување: Колку е сложен Јупитер? Мисијата Juno на NASA кон Јупитер открива дека овој џиновски свет е многу покомплексен отколку што се очекуваше. Магнетното поле на Јупитер се покажало како значително поразлично од едноставното диполно поле на Земјата, при што има повеќе полови вградени во сложена мрежа што е поразвиена на север отколку на југ. Дополнително, радио-мерењата на Juno покажуваат дека атмосферата на Јупитер има структура длабоко под горниот слој облаци — дури и на стотици километри под него. Новооткриената сложеност на Јупитер е јасно видлива и во јужните облаци, како што е прикажано на оваа текстурно и колорно подобрена слика направена минатиот месец. Таму, појасите и зоните што го опкружуваат целиот планет и доминираат во близина на екваторот, се распаѓаат во сложена мешавина од вртлози со големина на континенти. Juno продолжува да се движи по својата елиптична орбита со јамки, секој месец приближувајќи се до огромниот планет и истражувајќи малку поинаков дел при секое обиколување.
Утрешната слика:: Вселена од тестенини
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин