Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
05 новември 2026
Енцелад во силуета
Kredit za sliku & autorska prava: Cassini Imaging Team, SSI, JPL, ESA, NASA
Објаснување: Енцелад, еден од најинтригантните светови во нашиот Сончев систем, е прикажан осветлен од заднината од страна на Сонцето на оваа фотографија направена од вселенското летало „Касини“ на 1 ноември 2009 година. Ова драматично осветлување ги открива млазовите што постојано се исфрлаат во вселената од јужниот пол на оваа месечина на Сатурн, која има дијаметар од 500 километри. Овие ледени млазови, откриени од „Касини“ во 2005 година, најверојатно се поврзани со океан што се наоѓа под ледената обвивка на Енцелад. Тие директно го снабдуваат со материјал надворешниот, редок прстен Е на Сатурн и ја прават површината на Енцелад толку рефлексивна, како што е снегот. Низ кадарот, ледените прстени на Сатурн ја расејуваат сончевата светлина кон камерите на „Касини“. Понатаму, зад прстените (долу десно), ноќната страна на месечината Пандора – која има дијаметар од 80 километри – е слабо осветлена од светлината што ја рефлектира Сатурн.
Утрешната слика: Пиксели во вселената
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин