Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


05 февруари 2026

NGC 1275 во јатото Персеј

Кредит за слика & авторски права: Michal Wierzbinski, Hellas-Sky

Објаснување: Активната галаксија NGC 1275 е централниот и доминантен член на големото и релативно блиско јато галаксии Персеј. На видливи бранови должини таа изгледа диво и немирно, а воедно е и исклучително силен извор на Х-зрачење и радио-емисија. NGC 1275 акумулира материја додека цели галаксии паѓаат кон неа, на крај хранејќи супермасивна црна дупка во јадрото на галаксијата. Податоците од теснолентни снимки, користени во оваа остра телескопска слика, го истакнуваат галактичкиот отпад и нишките од светлечки гас, некои долги и до 20 000 светлосни години. Овие нишки опстојуваат во NGC 1275, иако турбуленцијата од галактичките судири би требало да ги уништи. Што ги држи нишките заедно? Набљудувањата покажуваат дека овие структури, исфрлени од центарот на галаксијата поради активноста на црната дупка, се поврзани и стабилизирани од магнетни полиња. Позната и како Персеј A, самата NGC 1275 се протега на повеќе од 100 000 светлосни години и се наоѓа на околу 230 милиони светлосни години оддалеченост.

Утрешната слика:: Пиксели во вселената




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy