Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
06 февруари 2026
Остаток од супернова Касиопеја А
Кредит за слика & авторски права: NASA, ESA, CSA, STScI; D. Milisavljevic (Purdue University), T. Temim (Princeton University), I. De Looze (University of Gent)
Објаснување: Масивните ѕвезди во нашата галаксија Млечен Пат живеат спектакуларни животи. Настанувајќи од огромни космички облаци, нивните нуклеарни печки се палат и во нивните јадра се создаваат тешки елементи. По само неколку милиони години кај најмасивните ѕвезди, збогатениот материјал се исфрла назад во меѓуѕвездениот простор, каде што може повторно да започне создавањето на нови ѕвезди. Проширувачкиот облак од остатоци познат како Касиопеја А е пример за оваа завршна фаза од животниот циклус на една ѕвезда. Светлината од суперновата што го создала овој остаток првпат би била видена на небото над планетата Земја пред околу 350 години, иако на таа светлина ѝ биле потребни 11.000 години за да стигне до нас. Оваа остра NIRCam снимка од вселенскиот телескоп Џејмс Веб ги прикажува сè уште жешките влакна и згрутчувања во остатокот од суперновата. Белузлавата, како чад надворешна обвивка од проширувачкиот ударен бран е широка околу 20 светлосни години. Во деталните снимки на Веб исто така се препознава и низа светлосни еха од катаклизмичната експлозија на масивната ѕвезда во околниот меѓуѕвезден медиум.
Утрешната слика:: Пиксели во вселената
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин