Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


05 април 2026

NGC 3310: Спирална галаксија со ѕвезден изблик

Kredit za sliku & autorska prava: AAO ITSO Office, Gemini Obs./AURA & T. A. Rector (U. Alaska Anchorage)

Објаснување: Забавата сè уште трае во спиралната галаксија NGC 3310. Пред околу 100 милиони години, NGC 3310 најверојатно се судрила со помала галаксија, што ја натерало големата спирална галаксија да засветли со огромен изблик на создавање ѕвезди. Променливата гравитација за време на судирот создала бранови на густина што ги компресирале постојните облаци од гас и ја поттикнале оваа „ѕвездена забава“. Прикажаната слика од телескопот Gemini North ја покажува галаксијата во големи детали, при што боите се означени така што розовото го истакнува гасот, додека белата и сината ги истакнуваат ѕвездите. Некои од ѕвездените јата во галаксијата се доста млади, што укажува дека ваквите галаксии можат да останат во фаза на ѕвезден изблик подолго време. NGC 3310 се протега на околу 50.000 светлосни години, се наоѓа на околу 50 милиони светлосни години оддалеченост и може да се види со мал телескоп во правец на соѕвездието Голема Мечка (Ursa Major).

Утрешната слика:: Коњска глава во висока резолуција




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy