Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
06 април 2026
Putanja Artemis II
Kredit za sliku & autorska prava: NASA, GSFC, Artemis II, SVS
Објаснување: Зoшто Artemis II не слетува на Месечината? Главната причина е што Artemis II е првенствено тест-мисија, дизајнирана да ги подготви подобро идните Artemis мисии — оние што ќе слетуваат луѓе на Месечината. Слично, мисиите на NASA Apollo 8 и Apollo 10 се доближија до Месечината како тестови пред Apollo 11 — кој слета. Како што покажува траекторијата во прикажаното анимирано видео, Artemis II ќе направи обиколка околу Земјата и Месечината пред да се врати на Земјата околу 10 дена по лансирањето. Мисијата Artemis II ќе ги однесе луѓето надвор од Земјината магнетосфера за првпат од времето на Apollo мисиите пред 50 години. Во видеото, честичките од сончевиот ветер се прикажани како траги, додека реакцијата на Земјината магнетосфера е прикажана во треперлива зелена боја. Земјината магнетосфера е важна бидејќи ги одбива силните честички што пристигнуваат од Сонцето, а истовремено создава и впечатливи поларни светлини видливи од површината на Земјата.
Утрешната слика:: Коњска глава во висока резолуција
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин