Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


04 февруари 2026

Спирална галаксија NGC 1512: Широко поле

Кредит за слика & авторски права: Daniel Stern

Објаснување: Повеќето галаксии немаат никакви прстени — зошто оваа галаксија има дури три? Најнапред, прстенот што се наоѓа близу центарот на NGC 1512 — и кој овде е тешко забележлив — е нуклеарниот прстен, кој силно свети поради неодамна формирани ѕвезди. Малку подалеку се наоѓа прстен од ѕвезди и прашина, кој изгледа и црвенкаст и синкав, и кој, контраинтуитивно, се нарекува внатрешен прстен. Овој внатрешен прстен ги поврзува краевите на дифузна централна ѕвездена пречка што се протега хоризонтално низ галаксијата. Најоддалечена структура во оваа слика со широко поле е нерамна формација која може да се смета за надворешен прстен. Овој надворешен прстен има спирален изглед и е прошаран со јата од светли сини ѕвезди. Се смета дека сите овие прстенести структури се под влијание на сопствените гравитациски асиметрии на NGC 1512, во долготраен процес наречен секуларна еволуција. Претставената слика е снимена минатиот месец со телескоп од Deep Sky Chile во Чиле.

Утрешната слика:: Отворен вселенски простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy