Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


04 април 2026

Здраво, свету

Kredit za sliku & autorska prava: NASA, Reid Wiseman, Artemis II

Објаснување: Од пола до пола, нашата прекрасна планета е фатена на оваа снимка од вселената, впечатлива слика направена од прозорецот на вселенското летало Орион Integrity. Од перспективата на леталото, Сонцето се движи зад светлиот раб на Земјата во долниот десен дел. Африка и Иберискиот Полуостров се гледаат на бледо сината површина на планетата, додека поларните светлини ги крунисуваат јужниот и северниот пол на Земјата горе десно и долу лево. Командантот Reid Wiseman ја направил оваа историска фотографија на вториот ден од мисијата Artemis II (2 април), по завршувањето на планираното транс-лунарно забрзување. Тоа забрзување го извади леталото од орбитата на Земјата, испраќајќи ги Integrity и екипажот по патека што ќе ги однесе околу Месечината и назад. Тоа е патување што луѓето последен пат го направиле пред повеќе од 50 години.

Утрешната слика:: Спирала со ѕвездест блесок




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy