Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
03 март 2026
Лет над северниот пол на Марс
Кредит за видео & авторски права: ESA, Mars Express, VMC; Processing & License: Simeon Schmauß
Објаснување: Ако можевте да прелетате над северниот пол на Марс, што би виделе? Сликите од мисијата Mars Express на ESA од 2019 година беа составени во прикажаното видео кое прикажува токму такво патување. Најнапред под вас се појавува пејзаж обоен во портокалово од ’рѓосаното железо во финиот почвен прав, при што некои делови изгледаат потемни поради изложената карпа. Наскоро во видикот се појавува северната поларна капа, најчесто бела поради рефлектирачката замрзната вода. Околу поларната капа се наоѓа Северниот поларен басен, слоевита вдлабнатина покриена со прашина и песок. Кадарите во прикажаното видео се снимени за време на северната марсовска пролет, кога мразот од јаглерод диоксид испарува, оставајќи го под него водениот мраз во капата. Mars Express продолжува да ја проучува површината на Марс и да бара траги за древната клима на Црвената планета и нејзиниот можен потенцијал за живот.
Утрешната слика:: Вселенско око
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин