Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


04 март 2026

Shapley 1: Прстенеста планетарна маглина

Kredit za video & autorska prava: Peter Bresseler; Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: Она што ве гледа назад не е космичко око, туку Shapley 1, прекрасно симетрична планетарна маглина. Shapley 1, позната и како Fine Ring Nebula или PLN 329+2.1, го украсува јужното небо во соѕвездието Норма (Carpenter’s Square). Маглината е резултат од ѕвезда со маса блиска до онаа на нашето Сонце, која останала без гориво и ги исфрлила своите надворешни слоеви. Светлечкиот кислород од тие исфрлени слоеви го создава кружниот ореол. Светлата централна точка всушност е бинарен систем: бело џуџе, преостанатото ѕвездено јадро по исфрлањето на надворешните слоеви во вселената, и друга ѕвезда, кои орбитираат една околу друга на секои 2,9 дена. Прстенестата форма на Shapley 1 се должи на тоа што системот го гледаме одозгора и ни дава увид во влијанието на централните ѕвезди врз структурата на планетарните маглини.

Утрешната слика:: Меурливо Сонце




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy