Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


03 февруари 2026

Црвената пајакова планетарна маглина од Веб

Кредит за слика & авторски права: ESA/Webb, NASA & CSA, J. H. Kastner (RIT)

Објаснување: О, каква заплеткана мрежа може да исплете една планетарна маглина. Црвената пајакова планетарна маглина ја покажува сложената структура што може да настане кога една обична ѕвезда ги исфрла своите надворешни гасови и се претвора во бело џуџе. Официјално означена како NGC 6537, оваа симетрична планетарна маглина со два лоба содржи едно од најжешките бели џуџиња некогаш набљудувани, веројатно како дел од бинарен ѕвезден систем. Внатрешните ветрови што излегуваат од централните ѕвезди се измерени со брзини поголеми од 1.000 километри во секунда. Овие ветрови ја прошируваат маглината, течат долж нејзините ѕидови и предизвикуваат судири меѓу бранови од жежок гас и прашина. Атомите фатени во овие судирни шокови зрачат светлина прикажана на лажнобојната инфрацрвена слика направена од Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“. Црвената пајакова маглина се наоѓа кон соѕвездието Стрелец (Sagittarius). Нејзината оддалеченост не е точно позната, но некои проценки ја ставаат на околу 4.000 светлосни години.

Утрешната слика:: Ѕвончеста галаксија




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy