Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
02 февруари 2026
Орион: Маглината „Тркачот“
Кредит за слика & авторски права: Robert G. Lyons (Robservatory)
Објаснување: Кој дел од Орион е ова? Само северно од славната Орионова маглина се наоѓа живописен регион на создавање ѕвезди во Орионовиот Меч, кој содржи многу сложена прашина — дел од која изгледа сина затоа што ја одразува светлината на светлите вгнездени ѕвезди. Популарното име на регионот е Маглината „Тркачот“, бидејќи, гледано од вистински агол, дел од кафената прашина изгледа како нозе во трчање. Каталогизирана како Sharpless 279, оваа одразна маглина не е само дел од соѕвездието Орион, туку и дел од поголемиот молекуларен облачен комплекс Орион. Светлината од светлите ѕвезди на „Тркачот“, меѓу кои и 42 Орионис — светлата ѕвезда најблиску до центарот на прикажаната слика — полека ја уништува и ја преобликува околната прашина, која веројатно целосно ќе исчезне за околу 10 милиони години. Маглината се протега на околу 15 светлосни години и се наоѓа на оддалеченост од околу 1.500 светлосни години.
Утрешната слика:: Пајакова мрежа
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин