Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
01 февруари 2026
Galle: Кратер со среќно лице на Марс
Кредит за слика & авторски права: NASA, MGS, MSSS
Објаснување: Марс ставил среќно лице. Марсовскиот кратер Гале е познат по внатрешните обележја што прават да изгледа како лице кое истовремено се насмевнува и намигнува. Овие обележја првпат биле откриени во 1970-тите години на снимки направени од леталото Viking Orbiter. Вселенското летало Mars Global Surveyor (MGS), кое орбитираше околу Марс од 1996 до 2006 година, ја сними прикажаната фотографија. Кратерот со среќно лице и неговите препознатливи карактеристики настанале случајно пред милијарди години, кога астероид со големина на град удрил во површината на Марс. Сите карпести планети и месечини во нашиот Сончев систем имаат ударни кратери, при што најголем број кратери се наоѓаат на Месечината на Земјата и на планетата Меркур. Земјата и Венера би имале уште повеќе, доколку не беа влијанието на времето и ерозијата.
Утрешната слика:: Брз гас
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин