Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


30 септември 2026

Arp 78: Необична галаксија во соѕвездието Овен

Кредит за сликата & авторски права: Robert Eder

Објаснување: Необичната спирална галаксија Arp 78 се наоѓа во границите на соѕвездието Овен. Овој „островски универзум“, сместен на околу 100 милиони светлосни години зад ѕвездите и маглините на нашата галаксија Млечен Пат, има огромен пречник од 200.000 светлосни години. Позната и како NGC 772, таа на овој детален космички портрет прикажува впечатлив надворешен спирален крак. Следејќи ги широките појаси од прашина и украсен со јата од млади сини ѕвезди, прекумерно развиениот спирален крак на Arp 78 е дополнително засилен од гравитациски плими од галактички размери. За ова веројатно се одговорни заемните дејства со нејзината најсјајна придружна галаксија – покомпактната NGC 770, која се гледа директно под поголемата спирална галаксија. Вгнездена во бледи ѕвездени траги откриени преку длабинска телескопска снимка, магливиот, елиптичен изглед на NGC 770 убаво контрастира со острите ѕвезди од Млечниот Пат кои се наоѓаат во преден план.

Утрешната слика:: Шарплес




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy