Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


30 мај 2026

Супермесечина наспроти микромесечина

Kredit za sliku & autorska prava: Soumyadeep Mukherjee

Објаснување: Што е толку „микро“ кај вечерашната сина микромесечина? Веднаш по зајдисонцето, полната Месечина ќе изгледа малку помала и потемна од вообичаено. Причината е што фазата на целосно осветлена Месечина се случува многу блиску до апогејот — точката во елиптичната орбита кога Месечината е најоддалечена од Земјата. Всушност, вечерашната микромесечина ќе биде најдалечната, најмалата и најслабосјајната полна Месечина оваа година. Но, таа е посебна и по уште една причина: истовремено е и сина месечина, што значи дека е втората полна Месечина во истиот календарски месец. На прикажаната фотографија е споредена супермесечина — кога полната Месечина изгледа речиси најголема — со микромесечина, снимени од Калкута, Индија, во мај и декември 2021 година. Иако следната микромесечина ќе се случи веќе наредниот месец, а следната сина месечина дури на крајот од 2028 година, следната сина микромесечина нема да се појави сѐ до 2053 година.

Утрешната слика:: Ѕвезди во Орелот а




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy