Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


29 септември 2026

Sh2-188: Маглината „Ракчиња“

Кредит за сликата & авторски права: Pawel Piechnik

Објаснување: Што ја предизвикува вртложната форма на маглината „Ракчиња“? Веројатна причина е нејзиното големо движење. Она што е сигурно е дека Sh2-188 е една од поголемите планетарни маглини на ноќното небо според аголната големина, зафаќајќи простор со дијаметар од околу половина од оној на Месечината. Покрај тоа, јадрото од бело џуџе – остаток од ѕвезда слична на Сонцето која ја отфрлила својата надворешна атмосфера – се движи невообичаено брзо низ меѓуѕвездениот простор, создавајќи челен ударен бран (највидлив горе лево) сличен на оној што го прави чамец додека сече низ водата. Иако е бледа, маглината „Ракчиња“ исто така сјае поради компресирањето и осветлувањето на гасот на нејзиниот преден раб. Прикажаната слика е снимена во светлината на водород, сулфур и кислород со аматерски телескоп во Краков, Полска, а потоа дигитално е прилагодена за да одговара на вистинските бои на маглината.

Утрешната слика:: Oтворен простор




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy