Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
29 април 2026
Месечината, Венера и Плејадите
Kredit za слику & autorska prava:
Gianni Tumino
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: Не, Земјата неодамна не доби уште шест месечини! Денешниот APOD е комбинација од фотографии што ги следат Месечината, Венера и Плејадите преку јужното сицилијанско небо додека самракот на 19 април преминувал во вечер. Од 2023 до 2029 година, Плејадите и Месечината се „посетуваат“ еднаш месечно поради местоположбата на Плејадите во рамнината на еклиптиката. Во април 2026 година, нивната небесна средба се усогласи и со Венера. Околу шест ѕвезди во јатото Плејади (Месје 45) обично се видливи со голо око. Поради тоа што јатото е видливо низ целиот свет, многу култури имаат митови и легенди поврзани со Плејадите. Народот Хауденосауни од Северна Америка, на пример, раскажува дека седум момчиња танцувале толку занесно што се издигнале кон небото. Астрономите неодамна открија уште илјадници членови на Плејадите, покажувајќи дека и по илјадници години набљудување на ова јато, сè уште има многу што да се научи за Плејадите.
Утрешната слика:: Бранови на Титан
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин