Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
28 juni 2026
AR 4478: Огромна група сончеви дамки
Kredit za sliku & autorska prava: Alfredo Vidal Pérez
Објаснување: Во овој момент, една од најголемите групи сончеви дамки во поновата историја минува преку Сонцето. Активниот регион 4478 не е само огромен – тој е и многу бурен. Во него се испреплетени силни магнетни полиња што можат да исфрлат огромни облаци од наелектризирани честички низ Сончевиот Систем. Некои од овие исфрлања на коронална маса (CME) би можеле да стигнат до Земјата. Во најекстремните случаи, ваквите сончеви бури можат да предизвикаат проблеми во работата на некои сателити што орбитираат околу Земјата, благо да ја нарушат горната атмосфера и да создадат пренапони во електроенергетските мрежи. Кога овие честички ќе навлезат во горните слоеви на атмосферата, тие создаваат прекрасни поларни светлини. На оваа фотографија, активниот регион AR 4478 и неговите темни сончеви дамки се снимени во видлива светлина пред неколку дена од Барселона, Шпанија. Речиси голем колку и AR 3664 од 2024 година, AR 4478 е толку масивен што може да се забележи дури и со специјални заштитни очила наменети за набљудување на затемнувања на Сонцето. Во текот на оваа седмица, љубителите на астрономијата ширум светот не само што ќе го следат AR 4478 преку ден, туку со големо внимание ќе го набљудуваат и ноќното небо, надевајќи се дека ќе ги видат и поларните светлини што би можеле да ги предизвика оваа активна сончева област.
Утрешната слика:: Супергалактички ветер
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин