Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
28 јули 2026
Барнардовата Јамка над два вулкана
Кредит за сликата & авторски права:
Gonzalo Laserna Vargas
Објаснување: Што ги поврзува овие два вулкана? Во древниот фолклор, вулканите Паринакота (лево) и Померапе (десно) се поврзани преку легендата за митски принц и принцеза кои се впуштиле во забранета љубов. Под површината на Земјата не е познато дека двата вулкански врва се поврзани со заедничка комора исполнета со жешка магма, а ниту еден од овие вулкани не еруптирал во последните 1.000 години. Над нив, на небото, обично нема ништо што ги поврзува — освен ако не се избере внимателно вистинскиот момент и не се набљудува од точно одредено место. Прикажаната, внимателно испланирана фотографија е снимена во Боливија во средината на април, како низа експозиции направени во текот на истиот ден и од истата локација. Така, Барнардовата Јамка се појавила како да ги поврзува двата вулкански врва. На фотографијата, исто така, се гледа Орионовата Маглина во средината, ѕвездата Бетелгез десно и Маглината Розета во горниот десен дел.
Утрешната слика:: Отворена вселена
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин