Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


27 мај 2026

PK 164 +31.1: Маглината Слушалки

Kredit za sliku & autorska prava: Bernard Miller
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: Што прави еден пар слушалки на небото? Денешната слика ја прикажува маглината „Слушалки“, позната и како PK 164 +31.1 или Jones-Emberson 1. Оваа планетарна маглина, остаток од ѕвезда слична на Сонцето која умира, бледо зафаќа аголен простор во соѕвездието Рис, широк околу една петтина од пречникот на полната Месечина. Црвените и синкаво-зелените нијанси ги следат атомите на водород и кислород, соодветно, кои биле возбудени и јонизирани од централното бело џуџе на маглината. Формата што потсетува на слушалки, каде што два водородни лобуса го пробиваат внатрешниот регион исполнет со кислород, ја додава оваа маглина на долгата листа необично обликувани маглини. Морфологијата на ваквите чудни маглини укажува на можно присуство на ѕвезден или планетарен придружник, кој може да го разбранува материјалот што истекува од ѕвездата што умира.

Утрешната слика:: Поглед во кристална топка




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy