Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


26 септември 2026

Одраз на метеор и Млечниот Пат

Кредит за сликата & авторски права: Jeff Dai (TWAN)

Објаснување: На 15 август, овој метеор од ројот Персеиди прелета низ ноќното небо над опсерваторијата „Роке де лос Мучачос“ на островот Ла Палма (Канарски Острови, Шпанија). Светлата и шарена трага на метеорот е снимена веднаш до централниот дел на Млечниот Пат, чии темни облаци од меѓуѕвездена прашина и сјајна ѕвездена светлина се издигаат над хоризонтот. Во преден план на оваа фасцинантна небесна глетка се наоѓа огледалото со дијаметар од 23 метри на прототипот на Телескопот со големи димензии (LST-1). LST-1 е првиот телескоп изграден на локацијата на северната хемисфера на иновативната опсерваторија „Черенков телескоп ареј“ (Cherenkov Telescope Array). Со 198 шестаголни сегменти на огледалото и голема, високо ефикасна пикселизирана камера, LST-1 е дизајниран да детектира исклучително кратки блесоци на видлива светлина во атмосферата. Овие блесоци, кои траат околу една милијардити дел од секундата, се предизвикани од енергични гама-зраци од космички извори, како што се далечните активни галаксии и изливите на гама-зрачење. Се разбира, таа ноќ, некои од поединечните сегменти на огледалото на LST-1 го одразија и атмосферскиот блесок на сјајниот метеор од Персеидите.

Утрешната слика:: Пред и потоа




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy