Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
26 март 2026
Црни дупки и неутронски ѕвезди: 218 спојувања и бројот расте
Kredit za sliku & autorska prava:
Ryan Nowicki, Bill Smith & Karan Jani
Text:
Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Каков е звукот кога две црни дупки се спојуваат во длабоката вселена? Звучните бранови не се шират во вакуум, но гравитациските бранови се шират. Во 2015 година за првпат успеавме да ги „слушнеме“ и да потврдиме едно од теоретските предвидувања на Albert Einstein. Секој квадрат во мрежата на прикажаната слика претставува едно од досегашните откритија на гравитациски бранови објавени од соработката LIGO-Virgo-KAGRA Collaboration. Овие графици покажуваат како двојниот систем забрзува во својата орбита додека се приближува кон спојување: ефектот на зголемување на фреквенцијата се нарекува „чирп“. Иако има значително повеќе неутронски ѕвезди отколку црни дупки, најголем дел од откритијата се токму спојувања на двојни црни дупки. Тоа е затоа што црните дупки се помасивни и нивните сигнали се посилни и може да се детектираат од поголеми растојанија, што води до повеќе откритија. Овие настани се ретки, и не очекуваме наскоро да видиме ваков настан блиску во нашата Галаксија. Но, тие постојано се случуваат низ целиот космос.
Утрешната слика:: Што следува?
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин