Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
26 juni 2026
Урбан стил на Млечниот Пат
Kredit za sliku & autorska prava: Shingoo Lee
Објаснување: Во глетка што никогаш не би можеле да ја видите со свои очи, Млечниот Пат се протега како светлосен лак над ноќното небо на Сеул, во Јужна Кореја. Иако градот е преплавен со силни светла, на оваа фотографија јасно се забележуваат слабо осветленото средиште на нашата галаксија и темните облаци од меѓуѕвездена прашина што делумно ја прикриваат неговата светлина. За да се надмине екстремното светлосно загадување и да се забележат овие нежни детали, фотографот употребил инфрацрвен филтер и ја снимил целата сцена со само една експозиција. Иако филтерот главно пропушта инфрацрвена светлина, низ него поминува и мал дел од видливата светлина, па фотографијата сепак изгледа природно. Сцената е снимена од паркот Ттуксеом Ханганг во Сеул. Во преден план се гледа реката Хан и осветлен железнички мост, додека во далечината се издига 123-катната кулата Lotte World Tower, највисоката зграда во Јужна Кореја.
Утрешната слика:: Светлосен викенд
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин