Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
26август 2026
JVST ја снима маглината Лавовска Глава
Кредит за сликата & авторски права:
NASA, ESA, CSA, STScI; Image Processing: Alyssa Pagan (STScI)
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: Дали гледаме во иднината на нашето Сонце? Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ ја сними денешната композитна слика на маглината Лавовска Глава (NGC 2392) со своите инструменти NIRCam и MIRI. Маглината Лавовска Глава е остаток од ѕвезда слична на Сонцето. Таа ѕвезда повеќе не можела да ја одржува нуклеарната фузија во своето јадро, неопходна за да остане стабилна. Почнала да исфрла слоеви гас и прашина во вселената, создавајќи ја оваа планетарна маглина. Во носот на лавот останало жешкото ѕвездено јадро, познато како бело џуџе. Не го допирајте овој нос! Интензивното зрачење од белото џуџе го јонизира гасот додека тој се шири, создавајќи го неправилниот меур што го оформува лицето на лавот. Грутки прашина што го преживеале зрачењето на белото џуџе, заедно со облак од јонизиран гас, ја создаваат гривата на лавот. Овој нов и подетален поглед на маглината ќе му помогне на човештвото подобро да разбере како гасот и прашината заемно влијаат едни на други и како врз нив дејствува зрачењето од белото џуџе.
Утрешната слика:: Водопад од светлина
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин