Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


25 март 2026

Чуварите на Рапа Нуи под Млечниот Пат

Kredit za sliku & autorska prava: Rositsa Dimitrova
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)

Објаснување: Со зборовите на денешната астрофотографка Росица Димитрова: „Што ли гледале овие тивки стражари додека поминувало низ небото?“ Вулканските моаи (што значи статуи) од Аху Тонгарики стојат на стража над Рапа Нуи (Исла де Паскуа, Велигденски Остров), полинезиски остров (припоен кон Чиле во 1888 година) сместен илјадници километри од брегот на Јужна Америка во Тихиот Океан. Поради оддалеченоста на островот, моаите, со грб свртени кон темниот океан, можат да набљудуваат јасно и живо ноќно небо. На прикажаната слика, овие натприродно големи статуи гледаат кон светлата лента на Млечниот Пат, делумно прикриена од меѓуѕвездената прашина и заматена од облаците на Земјата. Под вакви чисти ноќни неба, народот Рапа Нуи создал опсерватории и користел астрономски набљудувања за навигација, усогласување на календарот, прослави и многу повеќе. Ваквите слики нè потсетуваат на важноста на темните неба, заштитата на земјата под нив и зачувувањето на културата што тие ја инспирираат.

Утрешната слика:: Гравитациски бранови




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy