Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
25 април 2026
Опстојувањето на сончевата светлина
Kredit za слику & autorska prava: Lorenzo Busilacchi
Објаснување: Овој зајдисонце покрај море нуди надреално искуство, снимено во морски и небесен пејзаж од западниот брег на Сардинија, Италија, планетата Земја. Сцената, налик на дело на Дали, е составена од низа последователни експозиции направени со камера и долг телефото објектив. Сонцето, сепак, не се топи. Неговата променлива и „течна“ форма додека се приближува до хоризонтот е предизвикана од промените во прекршувањето на светлината долж линијата на поглед, што создава изобличени слики или миражи на зацрвенетиот сончев диск. Промените во атмосферската рефракција одговараат на слоеви во атмосферата со нагло различни температури и густини. Уште еден познат, но краткотраен ефект на атмосферската рефракција, кој се јавува при долг поглед кон зајдисонцето (или изгрејсонцето), често се нарекува зелен блесок.
Утрешната слика:: Мистично планинско чудовиште
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин