Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


24 април 2026

Младата Месечина и сестринските ѕвезди

Kredit za слику & autorska prava: Giorgia Hofer

Објаснување: Сончевата светлина ги осветлува „рамената“ на младата Месечина во форма на срп, како да ја прегрнува нејзината слабо видлива ноќна страна во овој драматичен небесен призор фотографиран од планетата Земја. Една телефото експозиција, со следење на движењето на небото, е снимена во ноќта на 19 април, кога дведневната Месечина беше близу перигеј во својата елиптична орбита. Тогаш младата Месечина се најде и во близина на прекрасното ѕвездено јато Плејади на небото. Додека месечината беше пригушена од облаци, сестринските ѕвезди на Плејадите се собираат под светлиот срп на Месечината, видени низ слаба, но шарена лунарна корона. Ноќната страна на Месечината е осветлена од пепелавиот сјај — светлина од Сонцето одбиена од самата Земја. Овој пепелав сјај, познат и како „старата Месечина во прегратките на младата“, обично е поизразен во пролетта на северната хемисфера. Засега, орбитата на Месечината ја носи секој месец блиску до Плејадите на небото на планетата Земја, иако нивните блиски привидни приближувања најлесно се забележуваат кога Месечината е во фаза на срп.

Утрешната слика:: Светлосен викенд




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy