Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
23 септември 2026
Нов месечев кратер: McGetchin
Кредит за сликата & авторски права:
NASA/GSFC/Intuitive Machines
Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: На Месечината се појави кратер што се создава можеби еднаш во човечки живот! Комета или астероид со големина приближно колку грбав кит — околу 10 до 20 метри — удрил во Месечината некаде меѓу април и мај 2024 година. Lunar Reconnaissance Orbiter (LRO), кој секој месец ја следи Месечината, ги снимил денешните фотографии на површината пред и по настанот. Новиот кратер, именуван по месечевиот научник McGetchin од времето на програмата Apollo, има пречник колку две фудбалски игралишта. Се очекува кратер со ваква големина да настане само еднаш на околу 132 години. Дополнителните термални набљудувања откриле голема студена област околу потоплиот кратер. При удар, растреситиот месечев материјал — реголитот — се раздвижува и се „разлабавува“, станува поредок и потешко ја задржува топлината. Овој настан влијаел врз површина многу поголема од самиот видлив кратер и ќе помогне подобро да се разберат ударите врз месечевата површина и нејзиниот развој со текот на времето. А воедно нè потсетува и колку треба да бидеме благодарни за Земјината атмосфера.
Утрешната слика:: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин