Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
23 juni 2026
Прелет покрај Тритон, месечината на Нептун
Kredit za sliku & autorska prava: NASA; JPL, Voyager 2, Digital composition: Paul Schenk (LPI, USRA)
Објаснување: Како би изгледало да прелетате покрај Тритон, најголемата месечина на планетата Нептун? Досега тоа го направило само едно вселенско летало — а снимките од оваа драматична средба се собрани во видео. Во 1989 година, роботското вселенско летало Voyager 2 прелета низ системот на Нептун со камерите насочени кон неговите светови. Тритон е малку помал од Земјината Месечина, но има ледени вулкани и површина богата со замрзнат азот. Првиот дел од видеото го прикажува приближувањето на Voyager кон Тритон, кој, освен вештачката зелена нијанса додадена на целата снимка, се гледа приближно во своите вистински бои. Загадочниот терен што потсетува на кора од диња, видлив под леталото, наскоро преминува од светол во темен, додека границата меѓу денот и ноќта минува под него. По најблиското приближување, Voyager се завртува за да ја набљудува месечината додека се оддалечува, сега видлива како сè потенок срп. Во 2015 година, роботското летало New Horizons славно прелета покрај Плутон, свет со големина слична на Тритон.
Утрешната слика:: Отворен вселенски простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин