Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
23 јули 2026
Големиот Магеланов Облак
Кредит за сликата & авторски права:
Monica Mesa
Text: Cecilia Chirenti
(NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Дали некогаш сте виделе друга галаксија со сопствени очи? На денешната слика е прикажан Големиот Магеланов Облак (LMC), еден од најблиските соседи на нашиот Млечен Пат. Ако се наоѓате јужно од 20° северна географска ширина (а колку сте појужно, толку подобро), можете да го видите и со голо око, доколку набљудувате од место со темно небо, далеку од големите градови и светлосното загадување. Станува збор за неправилна џуџеста галаксија, оддалечена околу 163.000 светлосни години, која е член на нашата Локална Група галаксии. Иако е мала и има вкупна маса што изнесува приближно 10 до 20 проценти од масата на Млечниот Пат, во неа многу активно се создаваат нови ѕвезди. Тоа најверојатно делумно се должи на плимните сили, односно на гравитациското заемно дејство меѓу Млечниот Пат и Големиот Магеланов Облак. Некои астрономи предвидуваат дека за околу 2 милијарди години тој ќе се судри со Млечниот Пат.
Утрешната слика:: 185 година
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин