Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


23 февруари 2026

Плејади: Ѕвезденото јато Седумте сестри

Кредит за слика & авторски права: Kamil Fiedosiuk

Објаснување: Дали некогаш сте го виделе ѕвезденото јато Плејади? Дури и ако сте го виделе, веројатно никогаш не сте го виделе толку големо и јасно како овде. Можеби најпознатото ѕвездено јато на небото, светлите ѕвезди на Плејадите можат да се видат со голо око дури и од срцето на град со силно светлосно загадување. Но, со долга експозиција од темна локација, облакот од прашина што го опкружува ѕвезденото јато Плејади станува многу јасно видлив. Претставената 18-часовна експозиција, направена од Бори Тухолски, Полска, покрива површина од небото неколкупати поголема од полната Месечина. Познато и како Седумте сестри и М45, јатото Плејади се наоѓа на околу 400 светлосни години од нас, во насока на соѕвездието Бик. Една позната легенда со современ пресврт вели дека една од посветлите ѕвезди избледела откако јатото било именувано, оставајќи само шест сестри видливи со голо око. Сепак, вистинскиот број ѕвезди од Плејадите што можат да се видат може да биде повеќе или помалку од седум, во зависност од темнината на небото и острината на видот на набљудувачот.

Утрешната слика:: Оперски планети




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy