Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
23август 2026
Касини се приближува кон Сатурн
Кредит за сликата & авторски права:
Cassini Imaging Team, ISS, JPL, NASA, ESA, S. Van Vuuren et al.;
Music: Adagio for Strings (NY Philharmonic)
Објаснување: Какво би било да се приближиме кон величествената планета Сатурн? Не мора само да замислуваме - вселенското летало Касини го направи токму тоа во 2004 година, правејќи илјадници слики по патот, а стотици илјади уште по влегувањето во орбитата. Некои од раните слики на Касини се дигитално обработени, исечени и собрани во инспиративното видео прикажано овде, дел од поголем IMAX филмски проект наречен „Во прстените на Сатурн“. Во последната секвенца, Сатурн расте поголем додека Касини се приближува кон него, додека облачниот Титан лета подолу. Додека Сатурн се врти во позадина, Касини потоа е прикажан како лета над Мимас, со големиот кратер Хершел јасно видлив. Величествените прстени на Сатурн потоа заземаат централно место додека Касини поминува низ тенката рамнина на прстените. Темните сенки на прстените се видливи и на самиот Сатурн. Конечно, мистериозната ледена месечина Енцелад, позната по своите гејзери, се појавува во далечината, а Касини се приближува кон него токму кога видеото завршува. По повеќе од десет години истражување и откритија, Касини остана без гориво во 2017 година, па беше насочен кон атмосферата на Сатурн, каде што најверојатно се стопи.
Утрешната слика:: Eрупција на комета
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин