Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
22 април 2026
Големата структура на универзумот
Kredit za слику & autorska prava:
Claire Lamman/DESI collaboration
Text: Cecilia Chirenti
(NASA GSFC, UMCP, CRESST II)
Објаснување: Ова е мапа на универзумот. Инструментот за спектроскопија на темна енергија (DESI) во опсерваторијата Кит Пик во Аризона го заврши своето петгодишно истражување. Набљудуваше повеќе од 47 милиони галаксии и квазари и создаде тридимензионална мапа со центар во Земјата. Денешната слика прикажува тенок пресек од овие податоци: црните празнини покажуваат каде што нашата галаксија ги засенува далечните објекти. Пердувестата мрежа во вметнатиот дел ја открива големата структура на универзумот. Светлината од најдалечните галаксии прикажани тука патувала 11 милијарди години за да стигне до Земјата. Галаксиите се групираат низ космичката историја под спротивставеното влијание на гравитацијата и темната енергија, која е одговорна за забрзаното ширење на универзумот. Анализата на првичните резултати од DESI навести можност дека темната енергија, опишана како космолошка константа од Albert Ајнштајн, можеби и не е константна. Но, сè уште треба да почекаме анализа на целосниот збир податоци. Природата на темната енергија е најголемата мистерија на космологијата.
Утрешната слика:: Млада Месечина и сестрински ѕвезди
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин