Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
22 септември 2026
Случајно тројно порамнување: авион, вселенска станица, Сонце
Кредит за сликата & авторски права: Petr Horalek / Inst. Physics Opava
Објаснување: Оваа снимка фати неочекувана силуета. За што станува збор? Не се работи за сончеви дамки – оние мали темни области предизвикани од концентрирани магнетни полиња, видливи на светлиот диск на Сонцето. Сончевите дамки обично траат со недели и се очекувани, бидејќи веќе биле забележани претходно. Не е ниту Меѓународната вселенска станица (ISS) – малата темна структура лево, кон средината. Ова е така бидејќи фотографијата била планирана со прецизност од дел од секундата за да се сними како таа култна структура минува пред Сонцето. Станува збор за авион. Токму додека се правела оваа снимка во јуни, од Прасек во Чешка, еден авион започнал свое сопствено минијатурно делумно затемнување. Резултатот е оваа слика на нашето Сонце со тројно порамнување. Фотографот проценува дека веројатноста која било случајна снимка од Сонцето да содржи силуети и од вселенска станица и од авион, гледано од таа локација, изнесува околу еден спрема 30 милиони.
Утрешната слика:: Отворен простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин