Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


22 октомври 2026

Првата зелена ѕвезда, WD J1330+6435

Кредит за сликата & авторски права: Mark A. Garlick/University of Warwick

Објаснување: Ѕвездена светлина, ѕвезден сјај: дали вечерва на небото има зелена ѕвезда? Освен Сонцето, сите ѕвезди се толку далеку од Земјата што на небото изгледаат како точки. Тие се главно бели, но понекогаш се забележливо црвени или сини. Оваа боја обично зависи од температурата: сините ѕвезди се потопли од црвените. А што е со другите бои? На прикажаната слика е претставена WD J1330+6435 – бело џуџе, опкружено со акреционен диск од гас и карпи кои кружат околу ѕвездата. Белите џуџиња се мали, слабо сјајни ѕвезди кои остануваат откако ѕвезда слична на Сонцето ќе го потроши своето нуклеарно гориво. Астрономите неодамна открија дека некои бели џуџиња, и покрај нивното име, би можеле да изгледаат жолти, зелени, цијан, розови или виолетови. Во вакви случаи, траги од елементи кои се наталожиле на ѕвездата стапуваат во интеракција со нејзината атмосфера, менувајќи ја нејзината вообичаено бела боја. Но, за жал! Иако би сакале да ги видиме, тие се премногу слаби за да се забележат вечерва...

Утрешната слика:: Око на небото




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy