Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


22 новември 2026

Вртлози и бои на Јупитер од Jунo

Kredit za sliku & autorska prava: NASA, Juno, SwRI, MSSS; Processing & License: Matt Brealey, Seán Doran

Објаснување: Што ги создава боите во облаците на Јупитер? Никој не знае со сигурност. Густата атмосфера на Јупитер е составена главно од водород и хелиум — елементи што при ниските температури на врвовите на облаците се безбојни. Кои молекули присутни во мали количества им ги даваат различните бои на облаците и понатаму е предмет на истражување, а амониум-хидросулфидот е еден од водечките кандидати. Она што јасно се гледа на оваа снимка со засилени бои — како и на многу други слични фотографии — е дека посветлите облаци обично се наоѓаат повисоко од потемните. На сликата, светлите облаци се вртложат околу црвенкастите области кон долниот десен дел, додека во горниот десен дел изгледа како да прекриваат некои потемни структури. Снимката ја направил роботскиот вселенски апарат Juno во 2018 година, за време на своето 14-то блиско прелетување покрај Јупитер. Juno и понатаму се движи по својата издолжена елиптична орбита, приближувајќи му се на огромниот планетарен џин на секои 33 дена и секојпат истражувајќи малку поинаков дел од неговата атмосфера.

Утрешната слика: Темнината што се појавува




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy