Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
22 juni 2026
M27: Маглината Гира
Kredit za sliku & autorska prava: Francesco Antonucci)
Објаснување: Дали ова е она што ќе стане нашето Сонце? Сосема е можно. Првата насока за иднината на Сонцето била откриена сосема случајно во 1764 година. Во тоа време, Шарл Месје составувал список на разлеани небесни објекти кои не требало да се помешаат со комети. Дваесет и седмиот објект на неговата листа, денес познат како M27 или Маглината Гира, е планетарна маглина, една од најсјајните планетарни маглини на небото, видлива дури и со двоглед во соѕвездието Лисица (Vulpecula). На светлината од M27 ѝ се потребни околу 1000 години за да стигне до нас. На оваа слика маглината е прикажана со засилени бои, каде што црвената го претставува водородот, а сината кислородот. Денес знаеме дека за околу 6 милијарди години Сонцето ќе ги исфрли своите надворешни гасни слоеви и ќе создаде планетарна маглина слична на M27, додека неговото преостанато јадро ќе стане жешка бела џуџеста ѕвезда што зрачи во Х-зраци. Разбирањето на физиката и значењето на M27 било далеку над можностите на науката во XVIII век. Но и денес многу работи кај планетарните маглини остануваат мистерија, вклучувајќи го и прашањето како настануваат нивните сложени и впечатливи облици.
Утрешната слика:: Тритон во премин
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин