Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
20 април 2026
Комета R3 PanSTARRS над хималајска долина
Kredit za слику & autorska prava: Basudeb Chakrabarti & Samit Saha
Објаснување: Најдобар начин да се види долгата опашка на кометата R3 PanSTARRS е со камера. Оваа недела, неодамна осветлената комета се појавува на северното небо кон исток непосредно пред изгрејсонце, но едвај е видлива со голо око. Јонската опашка, која се протега на повеќе степени и е снимена со долги експозиции, не е нешто необично за комета – таа главно се должи на речиси страничниот поглед од Земјата додека опашката е насочена подалеку од Сонцето. На прикажаната слика направена минатата недела, кометата C/2025 R3 (PanSTARRS) ја покажува својата течна опашка низ долина помеѓу два врва во Хималаите во Индија. Кометата вчера ја помина својата најблиска точка до Сонцето. Како што се приближува до најблискиот пристап до Земјата следната недела, може да стане видлива и густа прашеста опашка. Кометата полека се повлекува од северното небо и до крајот на месецот ќе биде видлива по зајдисонце на јужното небо, додека бледнее и го напушта нашиот Сончев Систем.
Утрешната слика:: Различни планиниJako
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин