Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
18 јули 2026
Сенка и виножито
Кредит за сликата & авторски права:
Дејв Лошиаво
Објаснување: Во миговите на зајдисонце, во оваа извонредна фотографија е забележано совршено порамнување на виножитото и планинската сенка. Овој впечатлив призор е снимен на 13 јули од противпожарната набљудувачница на врвот Смит (Smith Peak), во Националната шума Плумас, во близина на Портола, Калифорнија. Но, тоа што величествената планинска сенка изгледа како да покажува право кон средиштето на нежниот лак на виножитото не е случајност. Поради перспективата и долгата линија на поглед, планинската сенка природно добива триаголна форма што постепено се стеснува, а нејзиниот врв се наоѓа во точката на хоризонтот спротивна од Сонцето. По грмотевичните бури што ја зафатиле областа, виножитото се извило над небото во раните вечерни часови. Неговиот препознатлив шарен лак, со агол од 42 степени, настанува кога сончевата светлина се прекршува и одбива во атмосферските водени капки. Геометрискиот центар на лакот на виножитото се наоѓа во антисоларната точка. А во оваа сцена, снимена за време на златниот час на планетата Земја, таа точка се наоѓа токму спроти Сонцето што заоѓа зад далечниот хоризонт.
Утрешната слика:: Пристигна од вселената
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин