Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
18 февруари 2026
Орионовата лулка
Кредит за слика & авторски права: Piotr Czerski
Објаснување: Обвиткани во црвено-сјаен водороден гас, во Орион се раѓаат ѕвезди. Овие ѕвездени расадници се наоѓаат на работ од џиновскиот молекуларен облачен комплекс Орион, оддалечен околу 1.500 светлосни години. Овој детален приказ опфаќа околу 12 степени преку центарот на добро познатото соѕвездие, при што Големата маглина во Орион, најблиската голема област на создавање ѕвезди, е видлива кон долниот десен дел. Длабокиот мозаик, исто така, ги вклучува, близу горниот центар, Пламената маглина и Маглината Коњска Глава. Податоците за сликата добиени со филтер за водород-алфа додаваат и други впечатливи карактеристики на овој широкоаголен космички поглед: распространети нишки од енергизиран атомски водороден гас и делови од околниот Барнардов Прстен. Додека Маглината во Орион и многу ѕвезди во Орион лесно се гледаат со голо око, емисијата од обемниот меѓуѕвезден гас е слаба и многу потешка за снимање, дури и во телескопски набљудувања на овој комплекс богат со маглини.
Утрешната слика:: Отворен вселенски простор
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин