Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


17 февруари 2026

Опашки на кометата Вјежхош

Кредит за слика & авторски права: José J. Chambó;
Text: Cecilia Chirenti (NASA GSFC, UMCP, CRESST II)

Објаснување: Некои комети се редовни гости во нашето сончево соседство; други доаѓаат само еднаш, без никогаш да се вратат. Нема повторно да имаме можност да ја видиме кометата C/2024 E1 (Вјежхош), која моментално се движи низ внатрешниот дел на Сончевиот Систем. Хиперболичната орбита на оваа комета укажува дека таа најверојатно ќе стане меѓуѕвезден патник. Кометата Вјежхош денес се наоѓа близу до своето најмало растојание од Земјата, минувајќи на приближно исто растојание од Земјата како и Сонцето. Прикажаната експозиција од 30 минути е направена минатата недела во Чиле и покажува јонска опашка долга околу 5 степени, како и три пократки прашливи опашки. Зеленкастата боја на комата потекнува од распаѓањето на молекулите на дикарбон под дејство на сончевата светлина, но тој процес не трае доволно долго за да ги обои и опашките. На крајната десна страна се наоѓа спирална галаксија далеку во позадината: NGC 300.

Утрешната слика:: Лулка Aлфа




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy