Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
16 јануари 2026
NGC 7023: Маглината Ирис
Кредит за слика & авторски права: Justus Falk
Објаснување: Овие космички облаци расцутале на оддалеченост од околу 1.300 светлосни години, во плодните ѕвездени полиња на соѕвездието Кефеј. Наречена mаглината Ирис, NGC 7023 не е единствената маглина што потсетува на цветна форма. Сепак, оваа длабока телескопска снимка ја прикажува богатата палета на бои и симетрии на Маглината Ирис, вградени во околните полиња од меѓуѕвезден прав. Во самата Ирис, прашливиот маглински материјал ја опкружува жешка, млада ѕвезда. Доминирачката боја на посветлата рефлексиона маглина е сината, карактеристична за зрнцата прав што ја одразуваат ѕвездената светлина. Централните нишки на рефлексионата маглина светат со слаба црвенкаста фотолуминисценција, бидејќи некои зрнца прав ефикасно ја претвораат невидливата ултравиолетова радијација на ѕвездата во видлива црвена светлина. Инфрацрвените набљудувања покажуваат дека оваа маглина содржи сложени јаглеродни молекули, познати како PAH-молекули. Прашливите сини „ливчиња“ на mаглината Ирис се простираат на околу шест светлосни години.
Утрешната слика:: Светлосен викенд
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин