Астрономска слика на денот

Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.


15 февруари 2026

Да се лета слободно во вселената

Кредит за слика & авторски права: NASA, STS-41B

Објаснување: Како ли би било да се лета слободно во вселената? На околу 100 метри од товарниот простор на еден спејс-шатл, Брус Мекендлес II го живееше својот сон — лебдејќи подалеку од било кој човек дотогаш. Управуван со единицата за маневрирање со екипаж (MMU), астронаутот Мекендлес, прикажан на сликата, лебдеше слободно во вселената. За време на мисијата на спејс-шатлот 41-B во 1984 година, Мекендлес и неговиот колега од NASA, Роберт Стјуарт, беа првите што доживеаја таква „вселенска прошетка без врска“. MMU работеше со испуштање млазови азот и се користеше за помош при поставување и враќање сателити. Со маса поголема од 140 килограми, MMU е тежок на Земјата, но, како и сè друго, е безтежински кога лебди во орбита. Подоцна MMU беше заменет со погонската единица во форма на ранец SAFER.

Утрешната слика:: Необјаснети удари




Оригинална страна: АПОД на англиски јазик


Автори & уредници: Роберт Немироф (MTУ) & Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност, Пристапност, Известувања;
Услуга од: АСД код НАСА / ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.


Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат: Киро Стојанов & Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа & Саша Грачанин
e-astronomy