Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14јули2026
Астероидот Торифуне со два споени дела
Кредит за сликата & авторски права: JAXA, U. of Tokyo, Chiba Tech, Tokyo U. of Science, AIST, Paris Obs., IAC
Објаснување: Зошто овој астероид има два споени дела? На почетокот од овој месец, јапонското роботско вселенско летало Hayabusa2 прелета покрај астероидот 98943 Торифуне и сними фотографии. Иако претходните набљудувања од далечната Земја укажуваа дека Торифуне има издолжена форма, Hayabusa2 откри дека всушност се состои од два споени дела. Со должина од приближно четири фудбалски игралишта, оваа вселенска карпа често минува во близина на Земјата додека орбитира околу Сонцето, но не претставува закана. Покрај двата споени дела, на Торифуне се забележуваат многу големи карпи, но, изненадувачки, нема јасно видливи кратери, најверојатно затоа што неговата површина претставува насобран растресит материјал. Слично како и кај астероидот Арокот, се чини дека секој од двата дела се формирал одделно, пред да се судрат и да останат споени. Hayabusa2 стана позната по средбата со астероидот Рјугу во 2018 година, а сега е на пат кон нова средба во 2031 година со астероидот 1998 KY26, помало небесно тело што ротира невообичаено брзо и можеби содржи резерви од мраз.
Утрешната слика:: Отворена вселена
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин