Астрономска слика на денот
Откриј го космосот! Дневна слика за астрономијата и астронаутиката со кратко објаснување од астрономите.
14 февруари 2026
Розите се црвени
Кредит за слика & авторски права: Raffaele Calcagno Text: Keighley Rockcliffe (NASA GSFC, UMBC CSST, CRESST II)
Објаснување: Розите се црвени, маглините исто така, а овој подарок за Денот на вљубените е прекрасен поглед! На сликата е прикажан нежен поглед кон Розетната маглина (NGC 2237): космички цвет од светли млади ѕвезди што се наоѓа врз стебло од блескав жежок гас. Синобелите светкави точки на розата се меѓу најсјајните ѕвезди во галаксијата, од кои некои светат милиони пати посилно од Сонцето. Нивните ѕвездени ветрови ја обликуваат прочуената форма на розата оттурнувајќи гас и прашина од центарот. Иако се стари само неколку милиони години, овие масивни ѕвезди веќе се приближуваат кон крајот на својот живот, додека потемните ѕвезди вгнездени во маглината ќе светат уште милијарди години. Живописната црвена боја потекнува од водородниот гас, јонизиран од ултравиолетовата светлина на младите ѕвезди. Синобелиот центар на розата е обоен за да укаже на присуство на слично јонизиран кислород. Розетната маглина нè потсетува на убавината и преобразбата вткаени во ткаенината на вселената.
Утрешната слика:: Летајќи слободно
Оригинална страна: АПОД на англиски јазик
Автори & уредници:
Роберт Немироф
(MTУ) &
Џери Бонел (УМЦП)
NASA официјално: Амбер Строн
Се применуваат посебни права.
НАСА веб приватност,
Пристапност,
Известувања;
Услуга од:
АСД код
НАСА /
ГФСЦ,
НАСА научна активација
& Мичиген Тех.У.
Дневниот превод на АПОД на македонски јазик ја поврзува современата наука со македонската јазична традиција.
За NASA APOD на македонски јазик преведуваат:
Киро Стојанов &
Дипл инг Др Љиљана Грачанин
-- СИТЕ АПОД ПРЕВОДО НА ЉИЉАНА ГРАЧАНИН --
Им се заблагодарувам на техничката помош
АПОД Екипа &
Саша Грачанин